|
|
|
|
Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало (МДБ) за аконтацијата за месец јануари 2009 година изнесува 6,6% |
ЗАКОН ЗА ОТПИШУВАЊЕ НА КАМАТИ НА ДОСПЕАНИ ОБВРСКИ ПО ОСНОВ НА ДАНОЦИ И ПРИДОНЕСИ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА Со овој закон се уредуваат условите, начинот и постапката за отпишување на пресметаните неплатени камати по основ на обврски за јавни давачки кои доспеале за плаќање до 31.12.2008 година и тоа: - Персонален данок на доход - Данок на добивка - Данок на додадена вредност - Даноци на имот и - придонеси за задолжително пензиско и инвалидско осигурување. 1. Правото на отпишување на камати на обврски по основ на јавни давачки се остварува врз основа на барање на даночниот обврзник кое се поднесува до Управата за јавни приходи најдоцна до 31 јануари 2009 год. Право на отпис на каматиима даночниот обврзник кој го уплатил главниот долг по основ на наведените обврски и споредните даночни давачки по основ на тие обврски освен камати, доспеани за плаќање до денот на поднесување на барањето. 2. Правото на отпис се однесува и на обврските за камата кои на 31.12.2008 година се во постапка на одложено плаќање или во постапка на присилна наплата. Даночниот обврзник треба да поднесе барање за отпис, при што надлежниот орган ја запира започната постапка на одложено плаќање или присилна наплата, и доколку даночниот обврзник го исполни условот за плаќање на главниот дол,г ќе му се отпишат камите по основ на обврските кои ги исполнил и тоа: 100% каматата, ако уплатата на главниот долг ја извршил најдоцна до 30 април 2009 год.; 75% каматата, ако уплатата на главниот долг ја извршил во периодот од 01 мај 2009 година до 31 август 2009 година и 50% каматата, ако уплатата ја извршил во периодот од 01 септември 2009 година до 31 декември 2009 година.
18.12.2008 | ЗАКОН ЗА МИРУВАЊЕ И ОТПИШУВАЊЕ НА ОБВРСКИ ПО ОСНОВ НА ПРИДОНЕСИ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ Законот го уредува: мирувањето на обврските за плаќање на пристигнатите, а неплатени придонеси за задолжително здравствено осигурување и отпишувањето на обврски по основ на неплатени придонеси за задолжително здравствено осигурување.
Обврската за плаќање на долгот по основ на придонеси за задолжително здравствено осигурување која е доспеана на 31 октомври 2008 година, како и каматата која е доспеана, а неплатена за придонесите со состојба на 31 октомври 2008 година, мируваат во периодот од 01 јануари 2009 година до 31 декември 2012 година. Во периодот на мирување, за долгот кој мирува не се пресметува камата, ниту се поведуваат постапки за присилно извршување на долговите. Обврзникот е должен за целиот период на мирување да ги плаќа тековните обврски односно придонесите за задолжително здравствено осигурување. На обврзникот кој во периодот на мирување на обврските, ги плаќал тековните обврски, почнувајќи од 01 јануари 2013 година му се отпишува во целост долгот по основ на неплатени придонеси кој му бил ставен во мирување. Доколку обврзникот последователно два месеца не ги пресметува и уплатува тековните обврски, надлежниот орган поведува постапка за наплата на долгот кој мирува согласно закон. 18.12.2008 |
Владата објави пакет мерки за ублажување на последиците од светската финансиска криза, вреден 330 милиони евра Четиригодишно мирување и отпишување на обврските на фирмите по основ на придонеси за задолжително здравствено осигурување, отпис на каматите по основ на персонален доход, данок на добивка, ДДВ, данoци на имот и придонеси за пензиско осигурување под услов обврзниците во целост да го намират главниот долг, плаќање на даночен долг на рати, оданочување на добивка само ако е распределена во дивиденди, намалување на царините пред се за суровините, пониско оданочување на земјоделците, се дел од мерките кои Владата ќе ги преземе со цел ...... повеќе ..... Скопје, 27 ноември |
Словенечкиот холдинг „Истрабенз“ ја продава „Дрога Колинска“ Управниот одбор на словенечкиот холдинг „Истрабенз“ донесе одлука за продажба на една од неговите компании, „Дрога Колинска“. Целта на ваквата одлука е да се обезбеди ликвидност на „Истрабенз“, како и стабилен развој на претпријатијата кои се дел од холдингот.....
|
| Американскиот долар денеска може да се соочи со зајакнување на волатилноста врз основа на предвидувањата на економистите дека американскиот индекс на цени кај потрошувачите во ноември може да се намали на 4,1% на годишно ниво, во однос на претходните 4,9%. Во ноември се очекува да падне и суровата инфлација на 2,4% од 2,5% во октомври...... повеќе........ 19-11-2008 |
|
|
|
|