Прва Страна Цени и услуги Прашања и сугестии English Контакт За нас
 
 

Ново поврзано со Законот  за данок на добивка
Во Службен весник на Р.М. бр.150/09 објавени се измени на Правилникот за данок на добивка, нов Правилник за образецот ДД-ИД и три нови обрасци ДД-ИД, МДБ и ДБ


Измени на Закон за ДДВ - Месечно враќање на ДДВ за инвестиции и задолжителна регистрација за ДДВ за остварен промет над 1,3 милиони денари

* Собранието на Р.М. на 78-та пленарна седница одржана на ден 02.11.2009 година го изгласа Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Измените и дополнувањата на Законот за ДДВ се објавени во „Службен весник на Р.М.“, бр. 133 од 03.11.2009 година.

Повластена даночна стапка на првиот промет на станбени објекти

Со најновите измени на Законот за ДДВ се воведува повластена даночна стапка од 5% на првиот промет на станбени згради и станови, во оној дел во кој истите се користат за станбени цели и кој промет ќе се изврши во период до пет години по изградбата. Повластената даночна стапка од 5% ќе се применува до 31.12.2011 година.


Отуѓувањето на деловен потфат или дел од деловен потфат подлежи на оданочување со ДДВ

Се брише членот 5 од законот, според кој не се смета за промет на добра преносот на целокупниот имот или на дел од имотот, со или без надоместок или како влог, доколку стекнувачот кој е даночен обврзник, или со извршувањето на преносот станува даночен обврзник, ја продолжува истата дејност.
Со бришењето на членот, преносот на целокупниот имот или на дел од имотот (отуѓување на деловен потфат или дел од деловен потфат) ќе подлежи на оданочување со данокот на додадена вредност.

Примената на членот 5 од законот во праксата беше отежната од причина што не можеше со сигурност да се утврди дали стекнувачот на имотот или на дел од имотот ја продолжува истата дејност. Исто така, имаше појави даночни обврзници кои не обавуваат стопанска дејност (даночни обврзници во стечај) да го користат овој член и при преносот на имотот во фактурите да не пресметуваат ДДВ.
Со бришењето на овој член се овозможува примена на општите одредби на ЗДДВ според кои прометот на добра подлежи на оданочување со данок на додадена вредност.
Во случај на статусни промени (поделба, припојување кон друг даночен обврзник и слично), не настанува промет на добра, што значи дека не постои ниту обврска за пресметување на данок на додадена вредност.
Прометот на удели на претпријатија е ослободен од данок на додадена вредност.
Продажбата на дел од деловен потфат - недвижен имот, опрема, машини и слично, подлежи на оданочување со данокот на додадена вредност.

Месечно враќање на ДДВ кај инвестиционите вложувања
Во делот на инвестициите, им се дава можност на даночните обврзници кои имаат големи влезни исполнувања по основ на инвестициони вложувања во првата, како и во наредните години на инвестирање, а кои немаат излезен промет и кои, согласно законот, би биле годишни даночни обврзници, ДДВ-то да го пресметуваат, плаќаат и враќаат во даночен период пократок од една календарска година (календарски месец). Ова право даночните обврзници може да го остварат со исполнување на одредени услови од законот и врз основа на поднесено барање до Управата за јавни приходи, започнувајќи од 1 јануари 2010 година (дополнување на членот 39).


Нови обврски за даночните обврзници за ДДВ

Даночните обврзници за ДДВ, со даночната пријава за соодветниот даночен период, имаат обврска да поднесат и периодичен финансиски извештај од одобрените фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања и периодичен извештај од банкарските сметки преку кои даночниот обврзник го остварува своето работење ( дополнување на членот 41).

Исто така, се ограничува поднесувањето на исправки на даночните пријави од страна на даночните обврзници и тоа до рокот за доставување на годишната сметка (дополнување на членот 41-а).


Задолжителна регистрација за цели на ДДВ за остварен вкупен промет над 1.300.000 денари во текот на календарската година

Законот воспоставува и нова обврска за даночните обврзници кои во текот на календарската година го остварат прагот за регистрација за ДДВ, односно остварат вкупен промет над 1.300.000 денари. Во овој случај, даночниот обврзник задолжително треба да се регистрира за целите на ДДВ од месецот кој следи по истекот на месецот кога е остварен прометот од 1.300.000 денари. Овие даночни обврзници се должни Пријавата за регистрација за ДДВ (образец ДДВ-01) да ја поднесат најдоцна до 15-ти во месецот кој следи по месецот кога е остварен прометот (дополнување на членот 51).
ВАЖНО: Даночните обврзници кои заклучно со месец ноември 2009 година ќе остварат вкупен промет над 1.300.000 денари, ќе бидат обврзани да се регистрираат за целите на ДДВ од 1 декември 2009 година и до 15-ти декември 2009 година ќе бидат должни да поднесат Пријава за регистрација за ДДВ (образец ДДВ-01) до Регионалната дирекција на УЈП на која припаѓаат. Даночниот обврзник при поднесување на Даночната пријава на ДДВ (образец ДДВ-04) за првиот даночен период, треба да го поднесе и образецот ДДВ-05/1 како прилог кон ДДВ пријавата доколку ги исполнува условите за одбивка на претходниот данок.


Службена дерегистрација на даночните обврзници

Со дополнувањето на членот 51 од законот, се прошируваат основите за службена дерегистрација на даночните обврзници за ДДВ од страна на Управата за јавни приходи.

НОВ КЛИЕНТСКИ СОФТВЕР И ОБВРСКА ЗА ИСПРАВКА НА ПРЕСМЕТКИТЕ НА ПЛАТА ЗА САМОВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА

    Се известуваат даночните обврзници – самовработени лица дека, согласно најновите измени и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, поставен е нов клиентски софтвер кој секое самовработено лице треба да го превземе и да го користи за поднесување на пресметките за плата МПИН. Измените во клиентскиот софтвер се однесуваат на самовработените лица и само тие треба да го превземат истиот! Бидејќи измените на законот се применуваат ретроактивно од 1 јануари 2009 година, сите самовработени лица за изминатите месеци (јануари – април 2009 година) треба да поднесат исправка на веќе поднесените пресметки на социјални придонеси, односно МПИН образец со исправка.

НОВИ ОБРАСЦИ ЗА ДАНОК НА ВКУПЕН ПРИХОД      

        ОБЈАВЕНИ НОВИ ОБРАСЦИ ДБ-ВП И РДО-ВП Новите обрасци ДБ-ВП и РДО-ВП се објавија во Службен весник на РМ бр.24/2009 и влегоа во сила 21 февруари 2009 година. Овие обрасци ги доставуваат до УЈП субјектите кои вршат стопанска дејност, освен банкарска, финансиска, осигурителна и дејност од областа на игри на среќа и забавни игри и чиј вкупен приход остварен по било кој основ во последните три години (2006, 2007 и 2008) е под 3.000.000 денари. Годишниот данок за вкупен приход за 2008 година се плаќа по стапка од 1,5%. Новите обрасци се доставуваат до УЈП до 28.февруари 2009 година, а не се однесуваат за ПЗУ, трговците поединци и другите субјекти кои не се регистрирани според Законот за трговски друштва. Новите обрасци ДБ-ВП и РДо-ВП се поедноставени и содржат помалку податоци.

16.02.2009
Измени Закон за даночна постапка – Избришана обврска за доставување на Биланс на состојба и Биланс на успех до УЈП

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзниците дека со измените на Законот за даночна постапка (“Сл. весник на РМ” бр.88/2008) одредбите со кои се предвидуваше “Годишната сметка за изминатата деловна година се доставува до Управата за јавни приходи до крајот на месец февруари наредната година” се избришани. Годишната сметка за 2008 година на пропишаните обрасци “Биланс на состојба“ и “Биланс на успех“, се доставува до Централниот Регистар на Република Македонија.

Со најновите измени, се предвидува следното:

  1. Даночните обврзници кои согласно Законот за данок на добивка (“Сл. весник на РМ” бр. 80/93...159/2008), се регистрираат за целите на годишен данок на вкупен приход, до Управата за јавни приходи доставуваат само:

    - Пријавата за регистрација на трговско друштво за годишен данок на вкупен приход (образецот “РДО-ВП”) и
    - Даночен биланс на вкупен приход (образецот “ДБ-ВП”) за утврдување на годишниот данок на вкупен приход, најдоцна до крајот на   месец февруари 2009 година. 

  2. Даночните обврзници кои согласно членот 39-а од Законот за данок на добивка, утврдувањето и плаќањето на данокот на добивка го вршат на Даночен биланс, до Управата за јавни приходи го доставуваат само образецот “ДБ“, најдоцна до 28 февруари 2009 година.

 Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало (МДБ) за

аконтацијата за месец јануари 2009 година изнесува 6,6%

 ЗАКОН ЗА ОТПИШУВАЊЕ НА КАМАТИ НА ДОСПЕАНИ ОБВРСКИ ПО ОСНОВ НА ДАНОЦИ И ПРИДОНЕСИ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА

Со овој закон се уредуваат условите, начинот и постапката за отпишување на пресметаните неплатени камати по основ на обврски за јавни давачки кои доспеале за плаќање до 31.12.2008 година и тоа:

      - Персонален данок на доход

      - Данок на добивка

      - Данок на додадена вредност

      - Даноци на имот и

     - придонеси за задолжително пензиско и инвалидско осигурување.

1. Правото на отпишување на камати на обврски по основ на јавни давачки се остварува врз основа на барање на даночниот обврзник кое се поднесува до Управата за јавни приходи најдоцна до 31 јануари 2009 год.

Право на отпис на каматиима даночниот обврзник кој го уплатил главниот долг по основ на наведените обврски и споредните даночни давачки по основ на тие обврски освен камати, доспеани за плаќање до денот на поднесување на барањето.

2. Правото на отпис се однесува и на обврските за камата кои на 31.12.2008 година се во постапка на одложено плаќање или во постапка на присилна наплата. Даночниот обврзник треба да поднесе барање за отпис, при што надлежниот орган ја запира започната постапка на одложено плаќање или присилна наплата, и доколку даночниот обврзник го исполни условот за плаќање на главниот дол,г ќе му се отпишат камите по основ на обврските кои ги исполнил и тоа:

  • 100% каматата, ако уплатата на главниот долг ја извршил најдоцна до 30 април 2009 год.;

  • 75% каматата, ако уплатата на главниот долг ја извршил во периодот од 01 мај 2009 година до 31 август 2009 година и

  • 50% каматата, ако уплатата ја извршил во периодот од 01 септември 2009 година до 31 декември 2009 година.

18.12.2008

 ЗАКОН ЗА МИРУВАЊЕ И ОТПИШУВАЊЕ НА ОБВРСКИ ПО ОСНОВ НА ПРИДОНЕСИ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Законот го уредува:

  • мирувањето на обврските за плаќање на пристигнатите, а неплатени придонеси за задолжително здравствено осигурување и

  • отпишувањето на обврски по основ на неплатени придонеси за задолжително здравствено осигурување.

Обврската за плаќање на долгот по основ на придонеси за задолжително здравствено осигурување која е доспеана на 31 октомври 2008 година, како и каматата која е доспеана, а неплатена за придонесите со состојба на 31 октомври 2008 година, мируваат во периодот од 01 јануари 2009 година до 31 декември 2012 година.

Во периодот на мирување, за долгот кој мирува не се пресметува камата, ниту се поведуваат постапки за присилно извршување на долговите.

Обврзникот е должен за целиот период на мирување да ги плаќа тековните обврски односно придонесите за задолжително здравствено осигурување.

На обврзникот кој во периодот на мирување на обврските, ги плаќал тековните обврски, почнувајќи од 01 јануари 2013 година му се отпишува во целост долгот по основ на неплатени придонеси кој му бил ставен во мирување.

Доколку обврзникот последователно два месеца не ги пресметува и уплатува тековните обврски, надлежниот орган поведува постапка за наплата на долгот кој мирува согласно закон.

18.12.2008

 Владата објави пакет мерки за ублажување на последиците од светската финансиска криза, вреден 330 милиони евра

  Четиригодишно мирување и отпишување на обврските на фирмите по основ на придонеси за
 
задолжително здравствено осигурување, отпис на каматите по основ на персонален доход, данок на добивка, ДДВ, данoци на имот и придонеси за пензиско осигурување под услов обврзниците во целост да го намират главниот долг, плаќање на даночен долг на рати, оданочување на добивка само ако е распределена во дивиденди, намалување на царините пред се за суровините, пониско оданочување на земјоделците, се дел од мерките кои Владата ќе ги преземе со цел ......

повеќе .....                                                                                                                              Скопје, 27 ноември

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ-УПРАВА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ

- Обврската за данокот на добивка за деловната 2007 година, должни сте да ја утврдите во даночен биланс составен за деловната 2007 година........

повеќе ...

 
  Словенечкиот холдинг „Истрабенз“ ја продава „Дрога Колинска“           Управниот одбор на словенечкиот холдинг „Истрабенз“ донесе одлука за продажба на една од неговите компании, „Дрога Колинска“.
Целта на ваквата одлука е да се обезбеди ликвидност на „Истрабенз“, како и стабилен развој на претпријатијата кои се дел од холдингот.....

 

 

 

Се очекува јакнење на американскиот долар

    Американскиот долар денеска може да се соочи со зајакнување на волатилноста врз основа на предвидувањата на економистите дека американскиот индекс на цени кај потрошувачите во ноември може да се намали на 4,1% на годишно ниво, во однос на претходните 4,9%. Во ноември се очекува да падне и суровата инфлација на 2,4% од 2,5% во октомври......

повеќе........                                                                                                   19-11-2008

 
Актуелности во бизнисот
Тековни информации
АГОРА-ИНТЕР Застапник и дистрибутер на сите производи од РАДЕНСКА Словенија тел. 070 267 270 и 070 337 269
Агора Интер 070 267 270 и 070 337 269
Агора Интер 070 267 270 и 070 337 269
ЈУГОПРОГРЕС
 
Корисни линкови
 
Содржини
Банери
Visitors: 83144