Прва Страна Цени и услуги Прашања и сугестии English Контакт За нас
долар

Се очекува јакнење на американскиот долар

    Курсот евро/долар во текот на вчерашниот ден се движеше во интервал меѓу 1,2567 и 1,27 американски долари за евро, а утрово остана стабилен на ниво околу 1,262 американски долари за евро.
Американскиот долар денеска може да се соочи со зајакнување на волатилноста врз основа на предвидувањата на економистите дека американскиот индекс на цени кај потрошувачите во ноември може да се намали на 4,1% на годишно ниво, во однос на претходните 4,9%. Во ноември се очекува да падне и суровата инфлација на 2,4% од 2,5% во октомври.
Индексот на цени кај американските потрошувачи во октомври остро потона на 5,2%, од 8,7%, покажува податокот објавен вчера. Но, таа добра вест и не е толку добра. Индексот на цени кај американките производители од што се исклучени цените на храната и енергијата во октомври порасна за 0,4%, од 4% на 4,4% на годишно ниво.
    Денеска ќе бидат објавени детали од состанокот на одборот за монетарна политика на американската Централна банка и тие заслужуваат во најмала рака еднакво внимание од аналитичарите како и објавувањето на извештајот за американската инфлација кај потрошувачите. Можно е песимистички сентимент да се предизвика од соопштението на американската Централна банка за ситуацијата во економијата и може да предизвика натамошен пад на цените на акциите, што поради силната негативна корелација може да го поттурне американскиот долар на повисоко ниво, сметаат аналитичарите.

19-11-2008

Актуелности во бизнисот
Тековни информации
АГОРА-ИНТЕР Застапник и дистрибутер на сите производи од РАДЕНСКА Словенија тел. 070 267 270 и 070 337 269
Агора Интер 070 267 270 и 070 337 269
Агора Интер 070 267 270 и 070 337 269
ЈУГОПРОГРЕС
 
Корисни линкови
 
Содржини
Банери
Visitors: 83169