Прва Страна Цени и услуги Прашања и сугестии English Контакт За нас
Истрабенз ја продава Дрога Колинска

Словенечкиот холдинг „Истрабенз“ ја продава „Дрога Колинска“

Управниот одбор на словенечкиот холдинг „Истрабенз“ донесе одлука за продажба на една од неговите компании, „Дрога Колинска“.
Целта на ваквата одлука е да се обезбеди ликвидност на „Истрабенз“, како и стабилен развој на претпријатијата кои се дел од холдингот.
Холдингот „Истрабенз“ од јануари до септември годинава оствари приход од 472,9 милиони евра, што е за 11% повеќе од планираните и за 5% повеќе во однос на истиот период лани.
Вкупниот профит на холдингот е 29,9 милиони евра, а чистиот профит 12,2 милиони евра, што е помалку од планираниот, поради зголемените трошоци за камати и се уште не спроведената продажба на „Меркатор“, кој исто така е во сопственост „Истрабенз“.
Падот на цената на акциите на холдингот во текот на првите девет месеци од оваа година, резултираше со намалување на вредноста на инвестициите и на обемот на капиталот на „Истрабенз“.

Актуелности во бизнисот
Тековни информации
АГОРА-ИНТЕР Застапник и дистрибутер на сите производи од РАДЕНСКА Словенија тел. 070 267 270 и 070 337 269
Агора Интер 070 267 270 и 070 337 269
Агора Интер 070 267 270 и 070 337 269
ЈУГОПРОГРЕС
 
Корисни линкови
 
Содржини
Банери
Visitors: 83167