Прва Страна Цени и услуги Прашања и сугестии English Контакт За нас
Тековни информации

ОД 1 ЈАНУАРИ 2009 ГОДИНА ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ПИО ТРЕБА ДА СЕ КОРИСТИ НОВИОТ ОБРАЗЕЦ ПП 53

   Согласно со Упатството за измени и дополнување на формата и содржината на платните инструменти за вршење на платниот промет во земјата (Службен весник на РМ бр. 56/08) од 1 септември 2008 година треба да се применува за плаќање на придонесот за ПИО, а од 1 октомври 2008 година за плаќање на придонесите за ПИО, здравствено осигурување и за вработување.  Меѓутоа сето тоа се се одлага за 1 јануари 2009 година. Ова одлагање ќе се уреди со измена на Упатството за платните инструменти и ќе се објави во Службен весник на РМ. За одлагањето на примената на платниот инструмент ПП-53, Министерството за финансии веќе ги информираше деловните банки како носители на платен промет. И од Фондот за ПИО го потврдуваат одлагањето на примената на образецот ПП-53, најавувајќи кратки обуки на обврзниците до крајот на годината. 

УСЛОВИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОДАЖБА НА АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ 

(ВЛЕГУВААТ И ПИВОТО И ВИНОТО)

Минимално-техничките услови на продажниот објект во кој се врши продажба на алкохолни пијалоци се регулирани со Правилник за минимално-техничките услови на продажниот објект во кој се врши продажба на алкохолни пијалоци, формата и содржината и образецот на лицецата и формата, содржината и начинот на водење на регистарот за издадени и одземени лиценци (Службен весник на РМ бр. 93/08).

Согласно Правилникот, посебниот продажен објект за продажба на алкохолни пијалоци треба да биде опремен со посебни рафтови за оделните видови на алкохолни пијалоци. Продажбата на алкохолни пијалоци може да се врши и во посебно издвоен дел од просторијата од продажниот објект кој е соодветно обезбеден, при што треба да се исполнети следните услови:

- посебниот дел од просторијата кој е наменет за продажба на алкохолни пијалоци да биде опремен со рафтови и да биде физички одвоен од делот за продажба на безалкохолни пијалоци и други прехранбени и/или непрехранбени производи, и

- посебниот дел од просторијата кој е наменет за продажба на алкохолни пијалоци да може да се заклучува и/или на друг начин да се ограничи пристапот на потрошувачите по 19 часот.

Согласно Законот за трговија лиценцата ја издава Министерството за економија на барање на трговецот на мало.

Кон барањето за издавање на лиценцата , трговецот на мало е должен да достави:

1 .Решение за упис на дејноста на Централниот регистар на РМ,

2. Изјава за исполнетост на минимално- техничките услови,

3. Доказ за уплатен надоместок во износ од 20.000 денари.

Лиценцата се издава во рок од 5 дена од денот на доставување на барањето и важи за период од две години.

Лиценците ќе се издаваат од 1 септември 2008 година.

За вработените со скратено работно време
Придонесот за здравство ќе се пресметува „скратено

Со усвоените измени на Законот за здравственото осигурување, основицата за плаќање на придонесот за задолжително здравствено осигурување за работа со скратено работно време ќе биде бруто платата за работа со скратено работно време, односно за часовите поминати на работа. Со ваквата новина ќе престане обврската на работодавачите придонесот за здравство да го пресметуваат секогаш како да се работи за вработен со полно работно време.  

Актуелности во бизнисот
Тековни информации
АГОРА-ИНТЕР Застапник и дистрибутер на сите производи од РАДЕНСКА Словенија тел. 070 267 270 и 070 337 269
Агора Интер 070 267 270 и 070 337 269
Агора Интер 070 267 270 и 070 337 269
ЈУГОПРОГРЕС
 
Корисни линкови
 
Содржини
Банери
Visitors: 84047