Прва Страна Цени и услуги Прашања и сугестии English Контакт За нас
Вол Стрит - криза
свет

Американците во шок по потонувањето на Вол Стрит
 
       Многумина се загрижени за својата заштеда за пензија, жалат што не реагирале претходно и не ги префрлиле парите во некоја посигурна институција.
Стечајот на Леман Брадерс и итната продажба на Мерил Линч на Вол Стрит предизвикаа водечките индекси да забележат најголем дневен пад уште од терористичките напади на САД во септември 2001 година.
      Најмногу се шокирани вработените во Леман Брадерс додека „покиснато“ ги изнесуваа своите работи од седиштето на банката во Њујорк. Во петокот тие сè уште беа оптимистични, покажувајќи трошки надеж и безуспешно одолговлекувајќи ја реалноста. Знаеја дека ситуацијата е тешка но, како што велат, верувале дека банката ќе се извлече од проблемите.
       Во шок се и вработените во Мерил Линч кои не ни сонуваа дека нивната банка ќе ја купи Банк оф Америка. Имено, во петокот имало состанок на кој претпоставените ги известиле вработените дека сè ќе биде во ред. Потоа, во неделата навечер се објави веста за продажбата на Мерил Линч. „Ова се страшни времиња за целиот финансиски сектор но, барем Мерил нема да пропадне како Леман“, беа ставовите на вработените.
       Американскиот претседател Џорџ Буш во понеделникот изрази загриженост за вложувачите и акционерите во финансиската индустрија, а рече и дека Владата работи на решавање на сегашните пореметувања и на спречување на негативните ефекти врз економијата.
„Знам дека Американците се загрижени поради случувањата на финансискиот пазар. Работиме на ограничување на пореметувањата и на минимализирање на ефектите на широката економија. Креаторите на економската политика ќе се сконцентрираат на здравјето на финансиските системи во целина“, изјави Буш. „Краткорочно, прилагодувањата на финансискиот пазар може да бидат болни за луѓето што се загрижени за вложувањата и за вработените во своите компании“, додаде тој, „но, долгорочно, американскиот пазар на капитал флексибилно и отпорно ќе ја преброди сегашната ситуација“.

ММФ: Најлошиот дел од финансиската ктиза сè уште не дошол

„Сите последици од глобалната финансиска криза уште не се ефектуирале и во финансискиот сектор може да дојде до нови консолидации“, изјави извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Доминик Штраус-Кан.
„Не можам да заклучам дека најлошиот дел од финансиската криза помина“, изјави тој. Но, како што нагласи, глобалната економија се покажа како поотпорна од очекуваното, па до 2009 година може да почне да заздравува. Исто така, тој очекува повлекување на цената на стоката од овогодинешните високи нивоа на цени, како и опоравување на цените на американскиот пазар на недвижнини.

Актуелности во бизнисот
Тековни информации
АГОРА-ИНТЕР Застапник и дистрибутер на сите производи од РАДЕНСКА Словенија тел. 070 267 270 и 070 337 269
Агора Интер 070 267 270 и 070 337 269
Агора Интер 070 267 270 и 070 337 269
ЈУГОПРОГРЕС
 
Корисни линкови
 
Содржини
Банери
Visitors: 83182