Прва Страна Цени и услуги Прашања и сугестии English Контакт За нас
Уставниот суд ја поништи одлуката за плаќање на годишен данок од вкупен приход за 2007

          На седница одржана на 17.09.2008 година Уставниот суд ја поништи одредбата од член 20 од Законот за измена и дполнување на Законот за данок на добивка (Службен весник на РМ број 160/07) со која се предвидуваше примена на поедноставен даночен режим, односно примена на Годишен данок на вкупен приход и за 2007 година иако тие влегoa во сила во 2008. Поништувањето е затоа што според Уставот, член 52, став 4, законите можат да предизвикаат правни последици само по нивното влегување во сила и во иднина, а не и ретроактивно. Ретроактивноста е дозволена само ако е поповолна за граѓаните. Со оглед дека новите правила не се поповолни за граѓаните, а законската одредба предвидуваше тие правила да се применуваат и пред влегувањето во сила, Судот ја поништи таквата одредба.

     Одлуката на Уставниот суд се уште не е објавена во Службен весник на РМ. По објавување на истата се очекува реакција на Министерството за финансии и соодветно упатство како ќе спроведе наведената одлука на Уставниот суд.

 Превземи документ
Актуелности во бизнисот
Тековни информации
АГОРА-ИНТЕР Застапник и дистрибутер на сите производи од РАДЕНСКА Словенија тел. 070 267 270 и 070 337 269
Агора Интер 070 267 270 и 070 337 269
Агора Интер 070 267 270 и 070 337 269
ЈУГОПРОГРЕС
 
Корисни линкови
 
Содржини
Банери
Visitors: 83183