Прва Страна Цени и услуги Прашања и сугестии English Контакт За нас
Откуп на земјоделски производи

ОТКУПОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ ОД НЕРЕГИСТРИРАНИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ПОДЛЕЖИ НА ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

     Согласно мислењето на Министерстсвото за финансии-Управа за јавни приходи Бр.11-инфо доколку откупот на земјоделски производи се врши од индивидуални земјоделци регистрирани според членот 7 став 1 од Законот за вршење земјоделска дејност (“Службен весник на РМ“ бр.11/02), во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и се оданочуваат според катастарски приход , во тој случај според одредбите од член 149 од ЗПДД, приходите од земјоделска дејност остварени според катастарски приход, не се оданочуваат и тоа почнувајќи од 01 јануари 2002 година заклучно до 31 декември 2008 година. Истите како доказ треба да достават решение од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со кое се запишани во Регистарот на индивидуални земјоделци.Доколку откупот се врши од трговци поединци, земјоделски задруги или трговски друштва кои се регистрирани како трговци поединци опфатени со членот 7 став 2 од Законот за вршење земјоделска дејност, и кои персоналниот данок го плаќаат според членовите 28-30-к од ЗПДД, при испораката треба да издаваат фактура за секој поединечно остварен промет. Доколку откупот се врши од физички лица кои непријавено (нерегистрирано) вршат дејност, за истите исплатувачоте треба да пресмета и плати персонален данок на доход по одбивка со намалување за 35% признати трошоци. Откупувачот е должен сите исплати за откупените земјоделски производи од физички лица да ги изврши преку трансакциска сметка, односно забрането е исплатите да се вршат во готово.

Актуелности во бизнисот
Тековни информации
АГОРА-ИНТЕР Застапник и дистрибутер на сите производи од РАДЕНСКА Словенија тел. 070 267 270 и 070 337 269
Агора Интер 070 267 270 и 070 337 269
Агора Интер 070 267 270 и 070 337 269
ЈУГОПРОГРЕС
 
Корисни линкови
 
Содржини
Банери
Visitors: 83183