Прва Страна Цени и услуги Прашања и сугестии English Контакт За нас
Податоци за плата за 02-2009

СОГЛАСНО СО СООПШТЕНИЕТО НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ,
МЕСЕЧНАТА БРУТО ПЛАТА ОБЈАВЕНА ВО ЈАНУАРИ 2009 ГОДИНА
(ИЗНОС 27.507 ДЕНАРИ) ЌЕ СЕ КОРИСТИ ПРИ УТВРДУВАЊЕ
НА НАЈНИСКАТА И НАЈВИСОКАТА ОСНОВИЦА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ
НА ПРИДОНЕСИТЕ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛА 2009 -ТА ГОДИНА

    Согласно со Соопштението на Министерството за финансии на РМ, бр. 02-7919/1 од 27.02.2009 година "При утврдувањето на најнсиката и највисоката основица за пресметување и плаќање ма придонесите за февруарската плата 2009 година, како просечна бруто плата се зема објавената бруто плата за месец ноември која изнесува 27.507,00 денари (податок објавен на 28 јануари 2009-та година). најниската основица за пресметување и плаќање на придонесите изнесува 13.753,50 денари (50% од 27.507,00 денари), а највисоката основица за пресметување и плаќање на придонесите изнесува 110.028,00 денари (4 х 27.507,00 денари), и истите ќе се применуваат во текот на цела 2009 година".

Наш став: Согласно со член 15 од Законот за придонеси за задолжително социјално осигурување (Службен весник на Република Македонија бр. 142/08); „Основица за пресметување и плаќање на придонесите, односно основицата за осигурување, не може да биде пониска од 50% од просечната плата по работник во Република Македонија објавена во тековниот месец, со исклучок на основицата утврдена во членот 14 став (1) точки 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12 и 13 на овој закон“, додека согласно со член 16 став 2 “при пресметка на највисоката месечна основица се зема предвид просечната плата по работник во Република Македонија објавена во тековниот месец.“    

          Со оглед на фактот што Собранието на РМ се уште не изгласало измени и дополнувања на Законот и покрај рационалноста и практичноста на ставот на МФ изнесен во Соопштението, произлегува дека Соопштението на МФ е противзаконско. Со најновата објава на Министерството за Финансии можно е повторно да се создаде  проблеми при пресметката и исплатата на платите на вработените за месец февруари 2009 година.

Скопје 01-03-2009

 Податоци за плата за 02/2009
Актуелности во бизнисот
Тековни информации
АГОРА-ИНТЕР Застапник и дистрибутер на сите производи од РАДЕНСКА Словенија тел. 070 267 270 и 070 337 269
Агора Интер 070 267 270 и 070 337 269
Агора Интер 070 267 270 и 070 337 269
ЈУГОПРОГРЕС
 
Корисни линкови
 
Содржини
Банери
Visitors: 83182